full screen background image
Search

Виртуелниот концепт M1 одлично би се вклопил во гамата на BMW

Независниот дизајнер Hycade создаде егзотичен виртуелен концепт за модерна генерација на историскиот M1, кој би ја пополнил празнината на гамата на BMW во тој сегмент.

Иако повеќето од нивните конкуренти навлегоа во пазарот на суперавтомобили со средишно поставен мотор во последните декади, BMW долго дава отпор на идејата да го направи истото (и покрај неговиот егзотичен изглед, i8 повеќе припаѓа на категоријата на спортски одколку суперавтомобили).

Веќе повеќе години ентузијастите останаа надежни дека Германскиот бренд еден ден ќе претстави наследник на иконскиот М1, кој се произведуваше од 1978 до 1981 година, и беше последниот суперавтомобил со средишно поставен мотор. Иако нема знак дека автомобилскиот производител ќе лансира нов модерен М1, искусниот автомобилски дизајнер Hycade веќе замислил како тој би изгледал.

Во дизајнирањето на нов M1, Hycade создал автомобил кој не е копија на постоечките модели на BMW, но сепак изгледа доволно слично за да биде идентификуван како дел од гамата на Баварскиот производител. Ова е посебно впечатливо на предниот дел, каде се наоѓаат црните решетки во вид на „бубрези“, слични како оние на Серија 8, но исто така многу потенките и поаглестите светлосни групи.

Предниот дел на овој интересен М1 концепт исто така содржи големи отвори за воздух и прекрасно обликуван поклопец. Гледајќи го во профил, суперавтомобилот има остри карактерни линии кои се протегаат над вратите и конкавните тркала со пет краци.

Концептот на Hycade е подеднакво импресивен и кога го гледаме од позади. На пример, тука се косите решетки на поклопецот на моторот како кај оргиналниот М1, под кои се наоѓаат тенките и остри LED линии од задните светла. Задниот браник е сличен како актуелните BMW M модели и има интегрирани четири големи издувни цевки.

Иако BMW повеќе пати ја отфрли идејата за лансирање на нов модерен М1, тврдејќи дека М8 е границата до која ќе одат нивните автомобили со високи перформанси, ние мислиме дека автомобил како овој концепт би се вклопил одлично во нивната палета.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW ја освежи Серијата 3 - добива нов лик и нови технологии!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.