Ова Peugeot 402 Darl’mat Special Coupe се очекува да се продаде за околу 1.5 милиони Евра – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова Peugeot 402 Darl’mat Special Coupe се очекува да се продаде за околу 1.5 милиони Евра

Овој спектакуларен автомобил е изработен од Emile Darl’mat во далечната 1938 – и се очекува на аукција да достигне цена меѓу 1.1 и 1.5 милиони Евра!

Emile Darl’mat бил успешен дилер и тркачки возач во 30-тите години на минатиот век, па фабриката Peugeot со задоволство му испорачувала шасии кои тој потоа ги конвертирал во вакви спектакуларни возила, или пак тркачки автомобили.

Заедно со врвниот мајстор Marcel Pourtout и дизајнерот Georges Paulin тие го изработиле овие автомобили – кои патем имале 2-литарски мотор со компресор, а автомобилите постигнале одлични резултати на 24-часовната трка на Ле Ман – дури и победиле во својата класа во 1938.

Нема точна информација колку автомобили вкупно биле произведени, но се шпекулира за бројка од околу 150 примероци, од кои само 20 биле купе. Само шест биле базирани на полесната шасија на Peugeot 402, а се верува дека во моментов само три автомобили се преживеани.

Овој автомобил ќе биде понуден на аукција во куќата RM Sotheby’s на 19-ти Август и се претпоставува дека ќе достигне цена од 1.1 до 1.5 милиони Евра.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.