Kia се подготвува да го освежи и Xceed – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia се подготвува да го освежи и Xceed

Kia ги објави првите скици од освежениот Xceed кој официјално ќе дебитира следната седмица.

Со освежувањето на Xceed, Kia ќе го комплетира освежувањето на целата Ceed гама на модели (нашиот тест на освежениот Ceed GT-Line можете да го прочитате тука). Интересно, Kia напоменува дека за прв пат Xceed ќе добие и подинамична GT-Line верзија со поагресивен и поспортски дизајн, покрај очекуваните освежувања. Меѓу другото, ќе добиеме и редизајнирана графика за предните и задни светлосни групи (со LED технологија, секако), поголеми тркала и подлабоки браници со нагласени спортски детали.

Интересен новитет кој се најавува е дека освежениот Xceed ќе се нуди само со лајт-хибриден и плаг-ин хибриден погон, и дека конвенционалните мотори со внатрешно согорување ќе бидат исфрлени од понудата. Секако, оваа стратегија ќе биде различна за секој пазар, па не можеме уште отсега да тврдиме какви ќе бидат понудените погонски единици кај нас.

Лајт-хибридот би бил 1-литарски T-GDI со 48-волтен систем кој испорачува вкупно 120 коњски сили, додека плаг-ин хибридот веќе се нуди на некои пазари – комбинира 1.6-литарски атмосферски бензинец со електромотор и батерија од 8.9 kWh за вкупно 140 коњски сили и автономија на струја од околу 60 километри.

Секако, наскоро ќе знаеме повеќе.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.