ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави новиот, поголем, помоќен и поподготвен Amarok! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави новиот, поголем, помоќен и поподготвен Amarok!

Новиот Volkswagen Amarok ќе се нуди со неколку различни погонски опции – а најмоќниот е 2.3-литарски турбо-бензинец со 302 коњски сили!

Новиот Amarok е директен производ од соработката меѓу Volkswagen и Ford – па новиот пик-ап на Volkswagen всушност е базиран на Т6 платформата на Ford која веќе се користи за новиот Ranger. Сепак, од Volkswagen напоменуваат дека на Amarok му е посветено навистина многу внимание и инженерска експертиза за да го има карактерот и препознатливиот визуелен идентитет на VW.

Секако, како и досега, Amarok ќе се нуди со единечна или двојна кабина. Поголемата верзија ќе биде долга дури 530 милиметри, а има и меѓуоскино растојание од дури 3270 милиметри (173 милиметри повеќе од минатата генерација). Дополнително, Amarok сега е и нијанса потесен, како и нијанса повисок. Благодарение на напредните технологии, но и повисокото растојание од подлогата, Amarok сега може да помине низ вода длабока 800 милиметри, а ќе може да се добие и со погон на задните, односно на сите четири тркала. Во зависност од одбраната конфигурација, Amarok може да влече до 3500 килограми, како и да пренесе до 1160 килограми.

Во зависност од пазарот, Volkswagen ќе го нуди Amarok со неколку различни мотори. Почеток на понудата ќе биде 2-литарски TDI со 150 коњски сили или 170 коњски сили.

На некои пазари ќе се нуди и би-турбо дизел со 201 или 207 коњски сили, додека на самиот врв на понудата ќе биде 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец со 302 коњски сили. Во зависност од одбраниот мотор, ќе можете да комбинирате и погон на сите четири тркала, како и мануелен или автоматски менувач.

Секако, достапни ќе бидат и многу додатоци (како на пример цврста покривка за багажниот простор, како и шатор за четворица), а визуелниот идентитет на Amarok е робустен и агресивен. Да, веднаш се препознава дека е Amarok, но деталите се покомплексни и поинтересни.

Ќе биде достапен во неколку различни конфигурации – Amarok, Life, Style, новиот теренски-ориентиран PanAmericana како и луксузниот Aventura. Volkswagen ги нуди и сите системи за асистенција, како и напредни технологии – Matrix LED светла, премиум аудио уред и многу, многу други додатоци.

Производството ќе започне во Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.