full screen background image
Search

Одлични резултати за Alfa Romeo Tonale на Euro NCAP

Новиот италијански премиум SUV освои максимални пет ѕвездички на Euro NCAP тестот за безбедност.

Tonale е новиот SUV на Alfa Romeo кој воведува многу нови погонски опции и технологии, а очигледно инженерите на италијанскиот бренд посветиле и многу внимание на безбедноста. На Euro NCAP тестирањата, Tonale покажа одлични резултати – 83% заштита за возрасни патници, 85% заштита за деца, 67% за ранливи корисници на патиштата и 85% за системите за асистенција и безбедност. Вкупно, Tonale освои максимални пет ѕвездички на Euro NCAP тестирањата.

Целиот тест можете да го погледнете на видеото подолу.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.