Официјална македонска премиера на целосно-новата Opel Astra! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјална македонска премиера на целосно-новата Opel Astra!

Минатата седмица во салонот на Opel Македонија – Еуроимпекс, се одржа официјална премиера на целосно новата, високотехнолошка Opel Astra.

Дизајнот на новата Astra е радикален исчекор од малку конзервативниот пристап кој Opel досега го нудеше за овој модел. На предниот дел вниманието го задржуваат предните Intelli-LUX LED светла со 168 LED елементи и Vizor маската, додека профилот го дефинираат црните столбови и црниот кров, како и Ц-столбот кој е во боја на каросеријата.

На задниот дел вниманието оди кон тенките светлосни елементи и централно-поставениот знак на Opel. Едноставно кажано – Astra изгледа современо, привлечно и динамично. Плус, навистина ни се допаѓа и жолтата боја (која е достапна без доплата, одличен потег на Opel) – совршено ѝ прилега на Astra.

На настанот беа претставени 6 возила, секоe во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.

Како што рековме, Astra воведува неколку важни новитети во сегментот – од супер-напредните Intellilux LED Pixel предни светла со 84 модули по фар, преку IntelliAir системот за автоматско филтрирање на воздухот, па сè до Pure Panel Pro инфозабавниот систем и AGR предните седишта.

На нашиот пазар, Astra ќе биде достапна со целата гама на мотори. Благодарение на EMP2 V3 мултиенергетската платформа, Astra може да се добие со 1.2-литарски турбо-бензинец со 110 или 130 коњски сили (и да се комбинира со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач), како и со 1.5-литарски турбодизел со 130 коњски сили и 8-степен автоматски менувач. Достапни се и плаг-ин хибридните изведби со 180 или 225 коњски сили, а веќе од идната година ќе пристигне и целосно-електричната Astra.

На нашиот пазар цените за новата Astra започнуваат од 21.700 Евра, а за повеќе информации препорачуваме да посетите еден од салоните на Opel ширум Македонија, или пак да ја посетите официјалната веб-страница.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Opel го откри грандиозниот нов Grandland!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.