Електричниот Mercedes-Benz Vision EQXX го надмина сопствениот рекорд и помина 1202 километри со едно полнење на батериите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Mercedes-Benz Vision EQXX го надмина сопствениот рекорд и помина 1202 километри со едно полнење на батериите

Електричниот Vision EQXX на Mercedes-Benz е конструиран како најава за идните супер-ефикасни електрични возила на брендот – и го докажува тоа со надминувањето на сопствениот рекорд – помина 1202 километри возејќи од Штутгарт до Силверстоун.

Врвната аеродинамика и ефикасност на Vision EQXX имаа огромен удел во овој рекорд. Супер-ефикасниот погон на EQXX комбинира батерија која е со капацитет под 100 kWh, а возењето од Штутгарт до Силверстоун беше во реални услови а не во лабораторија – и токму ова сведочи па технолошката супериорност на концептот на Mercedes-Benz.

Патувањето започна во Штутгарт, а првата етапа била до Untertürkheim во Германија.

Од таму, електричниот концепт ги посетил Реим и Кале во Франција, за потоа да тргне кон Обединетото Кралство. Пред да стигне до својата конечна цел во Силверстоун, EQXX го посетил и Mercedes-AMG F1 центарот во Брекли.

По пристигнувањето во Силверстоун, Nyck de Vries – шампионот од Formula E – седнал зад управувачот и завртел 11 кругови околу Силверстоун пред целосно да се испразнат батериите. Ете така се минуваат 1202 километри со електричен автомобил.

Инаку, вкупното патување траело 14 часа и 30 минути преку два дена. Воопшто не е лошо, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.