full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Електричниот Ford Pro Electric Supervan има 2000 коњски сили!

Четвртиот во SuperVan серијата на Ford има четири електромотори за вкупно 2000 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за помалку од 2 секунди!

Синиот Овал ја претстави најновата, четврта визија за супер-комбе – и овој пат налудничавиот Ford SuperVan има електричен погон и комбинира батерија со четири електромотори – за вкупно 2000 коњски сили!

Новиот Ford Pro Electric SuperVan е развиен во соработка со STARD Motorsport и дебитира на Goodwood Фестивалот на Брзината кој се одржува овој викенд. Зад управувачот ќе биде победникот на Le Mans – Romain Duma – а електричното супер-комбе има Tyre Warming функционалност која му дозволува на возачот засебно да ги „заврти“ предните или задните тркала и да ги загрее пневматиците пред лансирање.

Инаку, комбето изгледа навистина футуристички и агресивно. Забележуваме агресивен преден сплитер и странични прагови, тенки странични ретровизори и огромен заден спојлер кој има задача да го одржи големото комбе стабилно во свиоци. Интересно, каросеријата е целосно изменета во задниот дел и забележуваме странични отвори кои го насочуваат воздухот кон задниот дел, слично како кај Ford GT.

На Romain Dumas ќе му биде достапен и новиот SYNC систем за поврзување со сите можни функционалности (да, ова електрично супер-комбе може да се поврзе со вашиот мобилен телефон) и можност да се избере меѓу неколку различни режими на возење – Road, Track, Drag, Drift и Rally.

Дали ова значи дека можеби викендов ќе видиме дрифт од електрично супер-комбе? Да се надеваме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.