Спортскиот Sportage GT-Line пристигна во салонот на KIA Моторс Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Спортскиот Sportage GT-Line пристигна во салонот на KIA Моторс Македонија

Поспортската, подинамична верзија на новиот Sportage која ја носи ознаката GT-Line од неодамна е поставен во салонот на македонскиот импортер на возилата на KIA.

Спортскиот Sportage GT-Line ќе го препознаете по поагресивните предни и задни браници, новата, поширока предна маска како и големите 19-инчни тркала обвиени во Michelin пневматици.

Плус, добиваме и детали во црна боја – декоративните елементи на вратите и страничните ретровизори. Сето ова придонесува оваа изведба на Sportage да изгледа значително подинамично и поспортски – и секако, тука се и неизбежните GT-Line значки.

Кабината добива поспортски седишта кои се обвиени во комбинација од кожа и алкантара, како и грст други спортски детали – спортски управувач со зарамнето дно, подинамична централна конзола и црвено амбиентално осветлување.

Добиваме и тапацир на кровот во црна боја која навистина му прилега на вака-конфигурираниот Sportage. Дополнително, овој Sportage има и Harman/Kardon премиум аудио систем со еден куп звучници и сабвуфер. Листата на дополнителна опрема е прилично долга – а ние ќе ги издвоиме стаклениот кров, сите можни системи за асистенција, загревањето на предните и задните седишта…

Конкретниот примерок го носи 1.6-литарскиот T-GDI турбо-бензинец кој има и MHEV компонента. Овој мотор испорачува 180 коњски сили, а ги испорачува кон сите четири тркала преку 7-брзински DCT менувач со двојна спојка. Sportage GT-Line може да се комбинира и со 136-коњскиот CRDi турбодизел, но ние би го препорачале токму моќниот турбо-бензинец.

Бензинскиот Sportage GT-Line чини 39.900 Евра, а доколку сепак сакате турбодизел, тој ќе ве чини 41.900 Евра. За повеќе информации, посетете го салонот на Kia Motors Macedonia, или пак официјалната веб-страница.

Поврзано:  Kia пушти тизер за новиот EV6!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.