ПРЕМИЕРА: Land Rover Defender 130 е нов, подолг Defender со осум седишта! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Land Rover Defender 130 е нов, подолг Defender со осум седишта!

Британскиот производител го претстави 340 милиметри подолгиот, поголем Defender кој сега може да има до осум седишта.

Иако меѓуоскиното растојание не е променето, во задниот дел на Defender се додадени дополнителни 340 милиметри, а со тоа е овозможено да се вгради трет ред седишта. Вака конфигуриран, Land Rover Defender може да има до 8 седишта во 3+3+2 конфигурација. Сакате багажен простор? Нема проблем, преклопете ги вториот и третиот ред седишта и добивате пештерски 2516 литри капацитет!

Новиот Land Rover Defender 130 е достапен со P300 и P400 бензинците со 300 или 400 коњски сили, како и D300 турбодизелот  со 300 коњски сили. Сите мотори имаат по шест цилиндри во линија и сите имаат MHEV лајт-хибридни технологии. Сега за сега нема информации околу евентуалната плаг-ин хибридна изведба, но не би биле изненадени ако понатаму биде додадена во понудата.

Поради продолжениот заден дел, аголот на отстапување е намален од 40º на 28º, но Defender и понатаму може да помине низ вода длабока 90 сантиметри, а аголот на пристапување останува непроменет. Секако, Defender 130 ги добива сите системи за совладување секаков терен, а Land Rover ќе понуди и специјална First Edition во неколку ексклузивни бои и со многу, многу опрема.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.