full screen background image
Search

Макпетрол ги промовираше новите Ultra горива со Dual Action Technology

Најновата генерација на Ultra горивата на Макпетрол користи современи, ултра-модерни адитиви кои придонесуваат кон подобрување на ефикасноста и чистење на моторот, а преку тоа и намалување на емисијата на штетни гасови во околината.

Макпетрол денес официјално соопшти дека соработува со еден од најголемите производители на адитиви во светот – Afton Chemicals – и дека токму адитивите на овој гигант се применуваат во најновата генерација на препознатливи Ultra горива. Овие горива се наменети како за најновите возила со бензински и дизел мотори, така и за постарите системи каде е уште понагласен ефектот на прочистување на системот.

Со нова, иновативна и подобрена технологија за чистење – Dual Action Technology развиена од страна на Afton Chemicals – обединета во интелигентна молекуларна структура на адитиви, обезбеден e речиси совршен ефект на чистење и заштита на моторот и по искористување на само еден полн резервоар од ULTRA горивото. Резултатот е создавање на оптимални услови во моторот, што значи континуирана моќ и ефикасност.

Повеќестепениот заштитен ефект на адитивот гарантира дека проектираните можностите на моторот се одржуваат во текот на целата негова работа на оптимално ниво, За возврат на тоа, се намалува потрошувачката на гориво (за повеќе од 4%) и емисиите на штетни производи од согорување (и до повеќе од 10%), ја подобрува оперативната доверливост, економичноста при возење како и ги редуцира сервисните трошоци за корисникот.

Новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology гарантираат комплетно чистење и заштита од создавање на наслаги на вентилите/инјекторите и подобрена заштита од нивно абење и корозија. Мазивната компонента која е дел од адитивот спречува абење на подвижните делови од системот за довод, распрскување и согорување на моторот со што моторот на возилото работи помирно и потивко. Инаку, Макпетрол е втора компанија во регионот (по Petrol од Словенија) која ги користи овие нови адитиви. Адитивите се додаваат во специјален центар за адитивирање откако горивата ќе поминат низ напреден систем за филтрирање, а квалитетот на горивата се надгледува во секој чекор од процесот.

ULTRA моторните горива се тестирани и се комплетно компатибилни со сите модерни системи за филтрирање и чистење на издувните гасови кои денес се вградуваат во возилата. Од Макпетрол ни кажаа дека новите горива веќе одреден период веќе се испорачуваат кон бензинските станици ширум Македонија и веќе се достапни за сите купувачи.

Извор: Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.