full screen background image
Search

BMW M3 Edition 50 Jahre ги добива спектакуларните Techno Violet и Interlagos Blue!

Во чест на 50 години M, BMW ќе произведе само 500 примероци од – земете воздух – BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M кои ќе ги добијат легендарните и препознатливи бои од моделите од минатото.

Само 500 примероци, и само за купувачите од САД и Канада. Несреќна одлука, но тоа е тоа. Славеничкиот модел е базиран на M3 Competition xDrive, а ќе биде достапен во Cinnabar Red од Е30 М3, Techno Violet (една од најубавите бои кои некогаш биле достапни) од E36 M3, Deep Interlagos Blue од E46 M3, Fire Orange III од Е92 М3 и Limerock Grey од F80 M3 CS.

Специјалниот M3 ќе добие и Style 826M ковани тркала во Orbit Grey боја, а ќе се комбинираат со клешти за сопирачките во црвена, сина или црна боја, или златна боја доколку одберете карбонски сопирачки. Дополнително, ќе добиете и карбонски преден сплитер, 4 завршетоци на издувниот систем, како и карбонски спојлер за поклопецот од багажникот.

Кабината добива специјални Edition 50 Jahre BMW M ознаки, како и продукциски број кој означува дека автомобилот е еден од 500 произведени примероци. Стандардно ќе добиете и M Спортски седишта, или пак M карбонски спортски седишта обвиени во Black Extended Merino кожа.

Славеничкиот модел ќе ја добие и новата кабина неодамна претставена кај освежената Серија 3. Новата кабина добива два дигитални екрани – еден 12.3-инчен претставен пред возачот, како и 14.9-инчен екран наменет за инфозабавниот уред. Ова е истиот пристап кој се користи и кај електричниот BMW iX, а со новиот хардвер доаѓа и новиот BMW iDrive оперативен систем.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Кај освежениот X7 дебитира и новиот лик на BMW

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.