Дејан Христов има визија за нова електрична генерација на Citroen CV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дејан Христов има визија за нова електрична генерација на Citroen CV

Македонскиот дизајнер го претстави своето најново дело – модерна реинтерпретација на популарниот „Спачек“.

Според збоорвите на Дејан – „Пропорциите на оргиналниот 2CV со неговата висока линија на кровот и големите тркала соодветствуваат со оние на модерните мали електрични кросовери, со батерии поставени во подот.

Неговиот минималистички дизајн со едноставна геометрија е сеуште впечатлив, а гледајќи ја визијата на Дејан Христов, слободно можеме да кажеме дека е и одлична инспирација за модерен електричен модел.

Новиот концепт ги следи главните линии и пропорции на оргиналот, а исто така ги задржал и карактеристичните елементи како издадените предни светла монтирани на големиот заоблен поклопец на моторот, полукружни прозорци кои се отвараат како пеперутка и заоблен покрив на отварање, кој продолжува со рамен заден поклопец и завршува со ниско поставени задни светла.

Сепак, многу успешно интегрира модерни елементи како лед технологија во светлосните групи, камери за гледање наназад и послеани површини на издадените странични крила, заедно со задскриени рачки на вратите.

Има нешто посебно во складните ретро-инспирирани нови модели, а концептот на Дејан е токму таков. Навистина би било прекрасно да може да се види оваа негова визија како вози низ граските улици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.