Touareg Edition 20 го слави 20-тиот роденден на големиот SUV на Volkswagen – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Touareg Edition 20 го слави 20-тиот роденден на големиот SUV на Volkswagen

Специјалниот Touareg Edition 20 е во чест на 20-тиот роденден на големиот SUV на Volkswagen.

Дали ви се верува дека се поминати 20 години од појавувањето на првиот Touareg? Изминативе 20 години, германскиот производител има продадени повеќе од 1 милион примероци од големиот SUV, па знаменосецот на SUV гамата на Volkswagen заслужува славенички модел.

Токму 20 години по лансирањето на Touareg, го добиваме Touareg Edition 20 – a ќе го препознаете по специјалната Meloe Blue боја која се комбинира со 20-инчни црни Bogota тркала, како и црните заштитни странични панели и црниот заден дифузер. Дополнително, Touareg Edition 20 добива и затемнети стакла и LED задни светла со црвена нијанса. Секако, тука се и неизбежните Edition 20 значки.

Кога сме кај специјалните значки – ги има и во кабината. Ги забележуваме на страничните прагови, како и на рачката за менувачот. Седиштата се обвиени во црна кожа, а шевовите и декоративните елементи се во контрастна боја. Кабината го добива и огромниот 15-инчен екран кој е дел од Innovision Cockpit системот, а листата на опрема вклучува навистина многу работи, меѓу кои е и Travel Assist ADAS системот за автономно управување.

Славеничкиот Touareg можете да го добиете со еден од четири различни мотори. Фановите на незаменливиот турбодизел можат да го добијат 3-литарскиот V6 TDI со 231 коњска сила и 500 Nm вртежен момент, или пак 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент.

Доколку сакате турбо-бензинец, тука е 3-литарскиот V6 TSI со 340 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, а можеби најинтересната конфигурација е плаг-ин хибридниот V6 TSI eHybrid кој располага со вкупно 381 коњска сила и 600 Nm вртежен момент.

Без разлика која опција ќе ја одберете, силата ќе се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач, а нарачките се веќе отворени.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Освежениот Golf R има 333 коњски сили!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.