ПРЕМИЕРА: Кај освежениот X7 дебитира и новиот лик на BMW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Кај освежениот X7 дебитира и новиот лик на BMW

BMW го претстави освежениот X7 – и со него го претстави и новиот лик кој ќе го носи и новата Серија 7.

Веќе имавме некакви наговестувања како ќе изгледа освежувањето за најголемиот SUV на BMW, но сега веќе ги имаме сите информации и официјалните фотографии. Освежениот X7 воведува еден прилично значаен новитет – а тоа е новиот преден лик на BMW со нов, дводелни предни светлосни групи. Токму овој лик ќе се користи за најлуксузните модели на BMW – а тоа значи дека можеме да го очекуваме и кај новата Серија 7, како и електричниот i7.

Новите предни светла се дводелни – горната, тенка линија се LED дневни светла со вградени трепкачи, додека „нормалните“ светла се оние поставени под нив. Контроверзно? Можеби – но ќе бидеме искрени и ќе кажеме дека оваа конфигурација ни се допаѓа повеќе од претходната. Особено интересно ни изгледа црната комбинација кај поспортскиот X7 M60i, која добива и поспортски предни и задни браници, спортски странични прагови, затемнети завршетоци на издувниот систем и уште неколку други детали.

Инаку, визуелните измени се генерално концентрирани околу предниот дел. Околку остатокот од автомобилот забележуваме уште некои поситни измени – редизајнирани задни светла и слично.

Позначителни измени има во кабината. Големиот SUV добива инструменти слични на оние кај електричниот iX (кој ние го возевме минатата година, нашиот тест прочитајте го тука), а со тоа и сите најнови технологии и системи кои се дел од iDrive 8 на BMW. Веќе ја нема ни традиционалната рачка за менувачот, која е заменета со подискретен прекинувач поставен до кружниот iDrive контролер. Инаку, кабината е и понатаму супер-луксузна, супер комфорна и со сите можни додатоци и „играчки“ кои BMW ги нуди во своето портфолио, а X7 може да се нарача со 5 или 7 седишта.

Поврзано:  BMW го претстави концептот Skytop

Гамата на мотори ја сочинуваат надградениот 4.4-литарски V8 турбо-бензинец кој е базиран на моторот кој се користи во M-дивизијата. Овој мотор испорачува 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент и ќе се нуди кај X7 M60i xDrive.

Кај X7 дебитира и нов бензинец со шест цилиндри во линија, кој ќе ја носи ознаата xDrive40i. Овој мотор испорачува 380 коњски сили и 520 Nm вртежен момент, а доаѓа со лајт-хибриден систем кој кратковремено може да го „зајакне“ вртежниот момент на 540 Nm. Секако, тука е дизелскиот xDrive40d кој испорачува 352 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Сите од понудените мотори доаѓаат со 48-волтна лајт-хибридна компонента која испорачува дополнителни 12 коњски сили и 200 Nm вртежќен момент.

Секако, сите мотори се комбинираат со 8-брзински Steptronic авоматски менувач, и кај сите изведби силата се пренесува кон задните тркала. Освежениот X7 ќе пристигне во следните неколку месеци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.