Fiat подготви посебна понуда за караванот Tipo SW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat подготви посебна понуда за караванот Tipo SW

Fiat во моментов има специјална понуда за Tipo SW – достапни за испорака веднаш и со специјален промотивен попуст.

Караванот Fiat Tipo SW ветува дека е врвно практичен, со багажен простор со капацитет од 550 литри со исправени седишта, односно уште повеќе ако ја преклопите задната клупа. Во комбинација со City Life нивото на опрема кое вклучува 16-инчни алуминиумски тркала, LED дневни светла, затемнети задни стакла, кровни носачи, темпомат, паркинг сензори, паркинг камера, 7-инчен мултимедијален уред со Android Auto и Apple CarPlay, управувач обложен со кожа, и многу повеќе – Tipo SW навистина делува како примамлива понуда.

Плус, акцијата се однесува на модели опремени со одличниот 1-литарски турбо-бензинец кој испорачува 100 коњски сили (кој го возевме во Tipo Cross минатата година) и нуди изненадувачка еластичност – и ова е моторот кој ние би го препорачале кај Tipo.

Неколкуте достапни возила се нудат по специјална акциска цена од 21.350 Евра, и тоа со вклучен акциски попуст од 1000 евра. За повеќе информации, посетете го салонот на Fiat или погледнете ги возилата кои се на располагање тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.