Irmscher претстави серија козметички додатоци за новата Opel Astra – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Irmscher претстави серија козметички додатоци за новата Opel Astra

Германската тјунинг компанија Irmscher, со новата Astra ја продолжи својата традиција за развивање на стајлинг елементи за модели на Opel.

Сегашната генерација на Opel Astra дебитираше минатата година, но нејзината најсилна OPC изведба сеуште не е претставена, што го прави нивото GS Line најспортскиот избор во моментов. Сепак, купувачите на компактниот хечбек кои сакаат уште поагресивен изглед можат да се обратат кон Irmscher.

Започнувајќи од надворешноста, новиот бодикит на Irmscher содржи впечатлив додаток со сплитер на предниот браник, нови странични прагови, поголем кровен спојлер и екстензија на задниот браник со интегриран дифузер.

Изгледот на Opel Astra е допочнително изменет со додавање на црвени детали, Irmscher налепници од страните, како и опционални црни површини на поклопецот на моторот и покривот, кои се во линија со дизајнерскиот стил на автомобилот.

Надворешните измени ги комплетираат новите три дизајни на алуминиумски фелни, од кои два се наречени „Cosmo Star“ и „High Star“ и доаѓаат во димензии од 19 инчи, додека третите „Turbo Star“ се помали 18 инчни.

Висината на возење е намалена за 30 милиметри, додека ентериерот е украсен со украсни плочи од не’рѓосувачки челик на праговите од вратите, специјални патосници, како и голем избор на кожни тапацири за седиштата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.