Бензините поскапуваат по 5.5 денари, дизелот 10 денари за литар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по 5.5 денари, дизелот 10 денари за литар!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од утре горивата значително поскапуваат!

Цените на нафтените деривати на светските берзи се во вртоглав раст, а во со оглед на поскапувањето изминатите две седмици и во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 10.21%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 5.5 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.50 денари, а еден литар 98-октански бензин ќе чини 91.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото добива рекордно поскапување од дури 10 денари за литар. Од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 85.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.