full screen background image
Search

ДАКАР 2022: Тотална доминација на Toyo и Toyota

На овогодинешниот Дакар титулата отиде кај Nasser Al-Attiyah и неговиот GR DKR Hilux, но Toyota доминираше и во Production Cars категоријата каде победи Toyota Land Cruiser опремен со Toyo Open Country M/T-R пневматици!

Јапонскиот производител на пневматици Toyo го поддржа „домашниот“ Team Land Cruiser Toyota Auto Body (TLC) во нападот на овогодинешното рели и му помогна на тимот да дојде до победа во категоријата Production Cars. Оваа категорија е особено интересна бидејќи учествуваат сериски возила, кои се соодветно доработени за да можат да ги издржат предизвиците на Dakar релито. Пневматиците Toyo Open Country M/T-R во димензии 285/70 R17 беа поставени на две TLC возила – едното го возеа Miura Akira и Laurent Lichtleuchter, а другото го возеа Ronald Basso и Jean Michel Polato.

На овогодинешниот Дакар натпреварувачите поминаа повеќе од 8000 километри, а покрај со песочните дини и каменестиот терен, мора да се соочат и со силен дожд на некои делници. Токму затоа, инженерите на Toyo се особено горди на пневматиците кои покажаа не само одлични перформанси, туку и одлична отпорност кон надворешни оштетувања. Па така, не само што ја завршија трката, двете возила стигнаа од првото и второто место во својата категорија.

Ние неодамна и самите имавме можност да се увериме во способноста и издржливоста на Open Country пневматиците, но во нијанса поинаква изведба – го позајмивме службениот Jimny од нашите пријатели од Мотоцентар (кои патем се и увозници за брендот Toyo) и се упативме кон теренска авантура околу Маврово и Галичник.

За повеќе информации за пневматиците Toyo, посетете ги Мотоцентар.

Поврзано:   Македонска премиера на bZ4X - првата целосно-електрична Toyota!

Извор: PR Toyo

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.