ВОЗЕВМЕ: Теренски авантури со Toyo Tires! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВОЗЕВМЕ: Теренски авантури со Toyo Tires!

Пред неколку седмици имавме одлична можност да прошетаме во околината на Маврово и Галичник и да се увериме во теренските таленти на Toyo Open Country AT Plus.

Toyo е производител со огромно искуство кога станува збор за теренски пневматици – па одлучивме да се впуштиме во авантура и да ги искористиме последните сончеви денови од есента за малку да истражуваме и да се увериме во способностите на Open Country A/T (All Terrain) Plus. Овие пневматици се направени за теренски возила, но и за лесни товарни возила и SUV возила. Достапни се во димензии од 15 инчи па поголеми – па сигурни сме дека одговараат на многу различни теренски возила.

Ги исконтактиравме нашите пријатели од Мотоцентар – кои патем, се застапник на Toyo на нашиот пазар – и им го побаравме на ден-два службениот Suzuki Jimny опремен токму со овие пневматици. Од таму се насочивме кон прекрасните предели околу Маврово и Галичник – а ова се само некои од кадрите кои ги улови нашата камера.

Теренот е спектакуларен, а погледите незаборавни. Сепак, ова не се терени кои се достапни за било каков автомобил, ниту пак за било какви пневматици. Теренските Open Country A/T без никаков приговор ги совладаа сите предизвици, нерамнини и остри рабови.

Без никаков проблем се искачивме на високите платоа – едноставно го насочивме малиот Jimny во насоката кон која сакавме да се движиме и малиот јапонски теренец верно и неуморно се искачуваше. Секако, тука огромен удел имаат и Toyo Open Country A/T.

По возењето, се симнавме ниско, веднаш до езерото – за да ги уловиме фантастичните бои на мавровското есенско зајдисонце.

За повеќе информации околу Toyo Open Country A/T, контактирајте ги нашите пријатели од Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.