full screen background image
Search

Skoda ги објави првите скици од електричниот Enyaq Coupe iV

Електричниот SUV на Skoda наскоро ќе добие и подинамична купеовска изведба – која благодарение на подобрената аеродинамика ќе има уште поголема автономија.

Skoda ќе го претстави Enyaq Coupe iV на крајот на овој месец, но во меѓувреме објави скици и детали околу електричниот знаменосец.

Инженерите и дизајнерите на Skoda се особено горди на подобрената аеродинамика – „обичниот“ Enyaq iV има коефициент на отпор на воздухот од 0.27 Cd, додека Enyaq Coupe iV може да се пофали со коефициент на отпор на воздухот од 0.234 Cd. Според Skoda ова резултира со подобрена автономија – ако Enyaq iV може да помине 510 километри со полни батерии, Enyaq Coupe iV може да помине 534.

Enyaq Coupe iV ќе ги дели погонските варијанти со регуларниот Enyaq iV – а тоа значи неколку различни погонски опции. Со оглед на зголемената автономија кај Enyaq Coupe iV, очекуваме дека електричниот SUV ќе биде уште попривлечен за купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.