Carlos Tavares: Стратегијата за електрични возила на ЕУ носи значителни ризици! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Carlos Tavares: Стратегијата за електрични возила на ЕУ носи значителни ризици!

Извршниот директор на групацијата Stellantis – Carlos Tavares – во интервју за европски медиуми изјави дека стратегијата за исфрлање на моторите со внатрешно согорување носи ризици – како по околината, така и по општеството.

„Јасно е дека електрификацијата е технологија која е избрана од страна на политичарите, а не од страна на индустријата“ – изјави Tavares во заедничко интервју за Les Echos, Handelsblatt, Corriere della Sera и El Mundo. Според него, постојат поевтини и побрзини начини да се намалат јаглеродните емисии.

„Со оглед на енергетскиот микс на Европа, електричен автомобил треба да помине 70.000 километри за да компензира за јаглеродниот отпечаток кој се креира при производството на батериите. Дури тогаш ќе почне да ги достига лајт-хибридните возила, кои чинат половина од цената на електрично возило.“ – додава тој. Дополнително, напоменува дека забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 значи дека производителите ќе треба забрзано да ги трансформираат производствените погони и ланците на добавувачи.

„Бруталноста на оваа промена создава општествен ризик.“ – изјави тој, и додаде – „Јас ги исполнувам моите ветувања, но мораме да бидеме конкурентни.“ и ги напомена условите за производство во Италија каде „трошоците се значително повисоки, понекогаш и двојно повисоки во однос на фабриките во другите европски земји.“

Stellantis се подготвува да ја презентира својата нова стратегија во Март, кога ќе ги видиме и резултатите од планот за трансформација на групациските брендови (кој веќе е во тек), како и идните планови на целиот грст производители кои се во рамките на групацијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.