BMW работи на нова генерација мотори со внатрешно согорување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW работи на нова генерација мотори со внатрешно согорување

Кога другите производители најавуваат дека ќе го запрат развојот на мотори со внатрешно согорување, BMW потврди дека работи на развој на уште една, нова генерација.

BMW откри дека работи на развој на нова генерација на шест и осум-цилиндерски мотори со внатрешно согорување. Во интервју со Auto Motor und Sport, директорот за развој на BMW – Frank Weber – откри дека на BMW „ќе му бидат потребни врвни мотори со внатрешно согорување за ефективно да ги намали емисиите на CO2 во сегментот на патнички возила ширум светот“.

Понатаму, Frank Weber потврди дека не само што работат на бензински мотори, туку работат и на дизелски мотори – „Затоа работиме на нова генерација на мотори – бензински, дизелски, со шест цилиндри и со осум цилиндри. Само со шест-цилиндерскиот мотор ја намалуваме емисијата на CO2 значително, а со цел да ги задоволиме потребите за намалување на емисии, но и потребите за перформанси, го разгледавме циклусот на полнење и најдовме ветувачки пристап.“

Како BMW ќе го постигне сето ова? Па, не знаеме – но откриваат дека ќе има „нешто сосем ново во главите на цилиндрите“ и дека „севкупното намалување на CO2 е круцијално во борбата против климатските промени“.  Конечно, Weber додава дека BMW „цели на купувачите да им ги понуди најодржливите и најиновативните возила, без разлика на погонот“.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.