full screen background image
Search

Бензините поскапуваат денар, дизелот денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека цените на горивата повторно одат нагоре.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.94%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1 денар за литар, па 95-октанскиот бензин ќе чини 76.50 денари, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 78.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.5 денари, па еден литар дизел ќе чини 69.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.