full screen background image
Search

Porsche го прави Cayenne уште пософистициран со Cayenne Platinum Edition

Новиот Platinum Edition пакет ќе биде достапен кај Cayenne, Cayenne S и Cayenne E-Hybrid и добива детали и елементи кои го прават големиот SUV на Porsche уште попривлечен.

Покрај конвенционалниот Cayenne, и Cayenne Coupe ќе може да се нарача со Platinum Edition доработки (нашиот тест на Cayenne Coupe можете да го прочитате тука, а и првото возење на интернационалната презентација на Cayenne на Крит), а моделите кои ќе ја носат оваа ознака добиваат детали во сатинеста платинеста боја, 21-инчни RS Spyder Design тркала во истата боја, како и детали на екстериерот во црна боја и црни завршетоци на издувниот систем.

Кабината добива специјални контрастни шевови и алуминиумски детали. Забележуваме и заштитни панели на вратите на кои се поставени Platinum Edition ознаки. Овие модели стандардно ќе добијат и опрема која обично се доплаќа – Porsche Dynamic Light систем за осветлување, панорамски кров, Bose аудио уред, спортски седишта, како и Porsche ознаки на наслоните за глава.

Дополнително, дивизијата задолжена за персонализација на возилата на Porsche – Porsche Manufaktur – ќе понуди опции за пероснализација на екстериерот специјално за овие модели.

Како што рековме, Cayenne Edition изведбите ќе бидат достапни за Cayenne, Cayenne S и Cayenne E-Hybrid, како и соодветните Cayenne Coupe модели.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.