full screen background image
Search

Вечерно Кино: Alfa Romeo ви посакува Среќни Празници!

Alfa Romeo објави ново видео исполнето со овогодишни настани поврзани со компанијата, преку кое им честита Среќни Празници на љубителите на брендот.

Италијанскиот производител изминатава година отвори ново седиште, ја претстави ограничената серија „6C Villa d’Este“ од Giulia и Stelvio, се натпреваруваше во Formula 1 и ги распродаде сите 500 примероци од тврдокорните Giulia GTA и GTAm. Во видеото се прикажани и други достигнувања, како и ветувањето дека Alfa Romeo ќе продолжи да плени со емоции и во новата електрична ера.

Погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.