Alfa Romeo го претстави новиот болид за претстојната сезона во Formula 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo го претстави новиот болид за претстојната сезона во Formula 1!

Третиот предизвикувач за титулата C41 на Алфа Ромео беше лансиран со драматично откривање во Големиот театар во Варшава со возачите Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци.

Алфа Ромео минатата сезона се провлече зад средниот ред со далечното осмо место, но ги искористи своите две дозволени развојни токени на новиот „нос“ и предната суспензија за да изнајде повеќе перформанси од болидот.

„Се надевам дека ќе бидеме поконкурентни од минатата година“ – рече шампионот од 2007 година Раиконен, започнувајќи ја својата 19-та сезона во Формула 1, и додаде – „Ќе дадеме сè од себе каде и да завршиме.“

C41 во петок ќе дебитира на патеката во Барселона. „Мислам дека филозофијата врз која се заснова тимот останува иста – ние треба да завршиме подобра работа утре отколку што сме завршиле денес“ – рече шефот на тимот Фредерик Васер. „Ја завршивме минатата сезона на осмата позиција и мораме да постигнеме подобар резултат во 2021 година. За да го сториме тоа, треба да продолжиме да се подобруваме во секој оддел, на патеката и во седиштето. Секој тим на стартната линија има многу големи очекувања во моментов – сите тимови очекуваат да завршат многу работи во текот на зимата и да бидат во добра позиција за првата трка, но наскоро ќе биде време сите да ги покажат своите карти”.

Може ли Алфа Ромео повторно да се приклучи на дружината од средниот ред?

Алфа Ромео е една од само трите екипи што ја одржуваат својата возачка постава од минатата година – „евергринот“ Раиконен (41) настапува во тандем со италијанскиот Џиовинаци веќе трета сезона по ред.

Џиовинаци, чие место се најде под закана оваа година од колегата Мик Шумахер поддржан од Ферари (пред германскиот младинец да биде потпишан од Хас) уживаше во подобрата 2020 година во однос на Раиконен и го надквалификуваше ветеранот во текот на кампањата со 17 трки. Но ниту еден возач немаше соодветна машинерија за редовно да се бори за поени, па тимот освои само 8 поени во 2020та, во споредба со 57 во 2019 година.

Мекларен и АлфаТаури се единствените други екипи кои досега ги открија своите нови болиди, а Ред Бул е следен во вторник.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.