Освежените X3 и X4 пристигнаа во салонот на BMW во Скопје – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежените X3 и X4 пристигнаа во салонот на BMW во Скопје

Освежените SUV модели на BMW пристигнаа во Македонија – а носат многу визуелни и змени и грст нови технолошки решенија.

Ајде да започнеме со визуелните измени – X3 и X4 добиваат нијанса поголеми предни решетки како и редизајнирани предни светла. Формите не се премногу изменети, но на задниот дел кај X3 забележуваме нови задни светла со навистина несекојдневна форма. Дополнително, добиваме и нови браници, нови бои, нови тркала и уште неколку други подискретни измени.

Кабините на обата модели добиваат некои нови материјали, како и редизајнирани централни конзоли – и интересно, контролите за клима-уредот се поставени над аудио системот. Всушност, вака е и кај новата Серија 4, а тоа значи дека двата SUV модели добиваат и нови инфозабавни системи – 10.25 инчен кај X3, односно 12.3-инчен кај X4.

Понудата на погонски единици и понатаму е навистина широка – достапни се три бензински и три дизелски опции. Доколку сакате бензинец тука се моделите со ознака 20i, 30i и М40i, a кај дизелите тука се 20d, 30d и M40d. Во зависност од конфигурацијата, можете да го нарачате вашиот X3 или X4 со погон на задните тркала или пак xDrive погон на сите четири тркала.

За повеќе информации, можете да го посетите официјалниот вебсајт на BMW, или пак да го посетите салонот на М-Кар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.