Спортската Corolla GR Sport пристигна во салонот на Toyota – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Спортската Corolla GR Sport пристигна во салонот на Toyota

Изведбата на Corolla која е инспирирана од Gazoo Racing дивизијата на јапонскиот гигант пристигна во салонот на Toyota во Скопје!

За да ја носи GR Sport значката, Corolla добива грст модификации како на екстериерот, така и во ентериерот. Corolla GR Sport добива поагресивни браници, големи 18-инчни тркала, црни ознаки, GR Sport амблем и уште неколку ситни детали.

Кабината добива спортски-обликувани седишта со контрастни шевови и алуминиумски детали, како и управувач делумно обвиен во перфорирана кожа. Препознаваме уште неколку ситни GR Sport детали, па амбиентот во кабината е навистина спортски.

GR Sport комбинацијата може да се нарача со хибридните погони со кои е достапна новата Corolla. Пристигнатите примероци се опремени со 1.8-литарскиот хибрид кој испорачува 122 коњски сили, но ако ние одбираме, би го одбрале 2-литарскиот хибрид со 184 коњски сили кој неодамна го возевме токму во C-HR GR Sport.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Toyota, а за самите да ја ѕирнете Corolla GR Sport посетете го салонот на јапонскиот производител.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.