Continental го претстави својот концепт за одржливи пневматици – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Continental го претстави својот концепт за одржливи пневматици

Во време кога сите производители посветуваат многу внимание на одржлива мобилност и намалување на емисијата на штетни гасови, сосем е логично и производителите на пневматици да ја претстават својата визија за иднината – и токму тоа го направи Continental.

Continental ја започна презентацијата на новите Conti GreenConcept со изјавата дека сака да стане најпрогресивната компанија за производство на пневматици до 2030, во контекст на еколошка и општествена одговорност.

Conti GreenConcept оди подалеку од обично претставување на нов модел на гума. Концептот има цел да ги минимизира потребните ресурси во секоја фаза од производството. Според Continental, новите Conti GreenConcept се одржливи од самиот почеток, односно од моментот на наоѓање и користење на основните материјали, па сè до начините за продолжување на животниот век.

Што значи тоа? Тоа значи дека повеќе од половина од материјалите потребни за изработка на GreenConcept се добиени од рециклирање или од обновливи извори. Меѓу другото, се користи природна гума од глуварчиња, силикат од арпа (обвивка) од ориз, како и други растителни масла и смоли – а сето тоа придонесува кон значително намалување на употребата на материјали добиени од сирова нафта.

Покрај 35% од материјалите добиени од обновливи извори, 17% од материјалите потребни за GreenConcept се добиени од рециклирани материјали – од рециклиран челик, па до технички јаглерод. Гумите користат и пластика од рециклирани пластичнии шишиња, а оваа технологија ќе започне да се користи веќе од следната година.

Конечно, дури и гумата која се користи за пневматиците е 100% природна Taraxagum прирона гума, која овозможува повеќекратно користење на истата основа и повеќекратно нанесување на гумен слој.

Конечно, вреди да се напомене дека иако GreenConcept се само концепт, технологиите и пристапот кои Continental ги претстави со овие пневматици ќе најдат своја сериска употреба – и тоа порано од очекуваното. Continental веќе испорача пневматици за ID Life концептот на Volkswagen – a тој ќе влезе во сериско производство во 2025!

Генерален застапник за пневматиците Continental во Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.