Ф1 Монца: 1-2 победа за McLaren! Кој го очекуваше тоа? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1 Монца: 1-2 победа за McLaren! Кој го очекуваше тоа?

Во текот на вчерашниот ден се одржа големата награда на Италија на патеката во Монца. Прв стартуваше Макс Верстапен, а до него Даниел Рикиардо. Иако Ботас имаше пол позиција од квалификации и спринт трка, менуваше мотор па мораше да тргне од крајот на стартната рамнина.

Уште во првиот свиот Даниел го помина Макс и така остана до крајот на трката. Зад него возеше Макс се до првите застанувања во бокс. Макс го задржаа малку подолго во бокс, па Ландо Норис го презеде неговото второ место. Со тоа настана моментот на 1-2 на патеката во Монца за Мекларен. Нешто кое одамна се нема случено, и беше дочекано со огромна радост од навивачите. Резултатот остана таков се до крајот на трката кога Даниел и Ландо се искачија на подиумот.

Кога сме кај подиумот Ботас за кој споменавме дека тргна од последното место, всушност беше и третиот кој се искачи на подиумот. Да, беспрекорно возење од Ботас овој викенд. На квалификациите во петокот беше на прво место и не остави шанса за никој да го стигне. Понатаму во саботата на спринт трката имаше несекојдневен старт, далеку, далеку подобар од останатите. Времето 0-200 беше цела секунда пократко од неговите конкуренти. Потоа стартуваше последен и сепак стигна на третото место. Се на се целиот викенд помина во светлото на Ботас. Засенет од останатите случувања, ретко кој го забележа неговото возење. Најголема почит за Ботас!

Воедно Кубица го заменуваше Кими Раиконен кој е во изолација заради Kовид-19.

Перез на спринт трката скрати еден свиок и на граница беше да добие казна, но сепак после неколку свиоци го пропушти претекнатиот болид и добиената предност од кратењето па не заработи казна. Сепак истото му се случи и во неделата на трката, и секако си заработи заслужена 5 секунди казна. Нејасно е зошто не го пропушти болидот пред него како во саботата, со што ќе изгубеше едно место. А вака изгуби две места, па од 3тото место, со додадени 5 секунди заврши на 5тото место.

Гасли, Верстапен, Цунода, Хамилтон и Мацепин не ја завршија трката и останаа без бодови.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.