full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат по еден денар, цената на дизелот не се менува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поскапат по еден денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на нафтените деривати, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.84%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.00 денар за литар. Соодветно на тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.00 денари.

Цената на дизел горивото не се менува, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ и понатаму ќе чини 63.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.