Утринска Гимнастика: Објавен вториот трејлер од Gran Turismo 7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Објавен вториот трејлер од Gran Turismo 7

Polyphony Digital го објави второто најавно видео од следното издание на најпопуларната видео игра со тркање на Play Station.

Единствениот текст објавен со видеото ни кажува дека седмото издание на Gran Turismo ќе биде лансирано на 4ти Март 2022, на платформите PlayStation 4 и PlayStation 5. Од она што главно може да се забележи на видеото, Gran Turismo 7 доаѓа со уште пореална графика, но за да го добиете истото искуство ќе мора да играте на PlayStation 5.

Останатите новитети се нов пообемен систем за тјунирање и стилизирање на автомобилите, како и враќање на симулацискиот мод во вид на кариера GT Simulation. Покрај тоа тука сеуште се GT Campaign, Arcade и Driving School, додека за онлајн натпреварување ќе може да се одбере модот GT Sport.

Новото издание ќе нуди избор од над 420 најразлични возила, вклучувајќи нови, половни и историски автомобили, кои ќе можат да се возат на над 90 различни патеки во динамични временски услови.

Погледнете го трејлерот подолу, па можеби ќе откриете уште повеќе новитети!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.