Компанијата за развој на видео игри KT Racing објави најавно видео од третата Test Drive Unlimited игра, во која ја открива новата локација и датумот на излегување.
Последните две Test Drive игри ја направија локацијата важен дел од возачкото искуство во отворен свет, а Solar Crown го следи тој рецепт. По претходните локации како Оаху, Хаваи и Ибица, Шпанија, најновата игра ќе ги одведе виртуелните тркачи во неонските улици на Хонг Конг.
Сепак, тркачите во новата игра нема да бидат задржани исклучиво на градските патишта, бидејќи ќе бидат достапни и останатите делови од островот, кои ќе нудат многу можности за off-road забава. Најавното видео ги прикажува и брегот на островот, како и ридовите покриени со дрва.
Приказната на играта останува сеуште мистерија, но најверојатно ќе ги спротивстави играчите со улични тркачи од Хонг Конг за напредок во шампионатот. Претходните игри им дозволуваа на гејмерите да купуваат нови домови, облека и секако нови возила. Ова најверојатно ќе го има и во новата игра, а ќе бидат уклучени и микро-трансакции.
Test Drive Unlimited Solar Crown ќе биде лансирана за гејминг конзолите и компјутерите на 22ри Септември, наредната година.