Видео игри: Codemasters го претстави првото видео од GRID Legends – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Видео игри: Codemasters го претстави првото видео од GRID Legends

Codemasters и Electronic Arts, креаторите на видео игрите F1 и DiRT Rally, го претставија нивниот најнов проект GRID Legends.

Новата видео игра ќе покрива широк спектар на тркачки серии, а ќе следи конфигурација слична на F1 со осмислена приказна за играчите. Како дел од приказната се ангажирани реални актери, а истата е опишана како „невидена до сега надреална продукција“.

Според EA, видео играта ќе им овозможи на возачите да се натпреваруваат на повеќе од 130 патишта, вклучувајќи вистински тркачки патеки како Brands Hatch и Indianapolis, а исто и трки во реални и измислени локации како Лондон, Москва и некое место наречено Strada Alpina.

Иако девелоперите немаат откриено колку вкупно автомобили ќе има во играта, тие најавија дека ќе располага со најголем избор од сите GRID видео игри до сега. Видеото прикажува дека ќе располага со спортски автомобили, суперавтомобили, едноседи, електрични тркачки возила и камиони.

Како што може да се очекува, играта ќе понуди повеќе тркачки стилови како дрифтање, трки со елиминација, електрични настани, кружни трки и многу повеќе. GRID Legends ќе овозможи и возење во различни временски услови.

Мрежното натпреварување е исто така вклучено, а девелоперите најавуваат и многу можности за персонализирање во различните модови.

EA и Codemasters објавија дека GRID:Legends ќе биде лансирана во 2022 година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.