BMW i Vision Circular ја прикажува визијата за рециклирачки автомобил во иднината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW i Vision Circular ја прикажува визијата за рециклирачки автомобил во иднината

Баварскиот производител претстави ново концептно возило, кое е замислено дека би можело да постои во 2040та година.

Направено е 100% од рециклирачки материјали, вклучувајќи го и пакетот батерии. Дизајнерите на BMW имале неколку мотоа според кои се воделе кога ја дизајнирале визијата, а тоа се: преиспитај, намали, реупотреби и рециклирај.

Металните компоненти се направени од рециклиран алуминиум и челик, а целата каросерија е од светло златен и анодизиран син алуминиум, наместо боја.

Дизајнерите ги реинтерпретирале дизајните од класичните модели на BMW на предниот дел и ја претвориле препознатливата предна маска во широка дигитална површина, која се слева со предните светла.

Според BMW, дигиталниот дизајн би можел да го донесе крајот на геометриските варијации на светлата и браниците, за да го намали бројот на материјалите и алатите потребни за произведување на еден автомобил.

Кога е гледан од страна, новиот концепт се одликува со нова силуета за еден модел на BMW. Тој има моноволуменска форма, со кабина поместена нанапред, а неговите пропорции не личат на ниту едно возило кое произлегло од Германскиот производител до сега.

Ентериерот е уреден со уникатни кристални материјали со светлечки ефекти, а се забележува и недостаток на видливи екрани. Инструментите се заменети со head-up дисплеј, монтиран на почетокор од ветробранското стакло.

Патниците ќе седат на рециклирани седишта во форма на софа и во боја на лаванда, додека воланот е направен од биолошки базиран материјал како дрвена пудра, со техника на 3D печатење.

Иако i Vision Circular е оргинален концепт, наместо изложбено возило кое следната година ќе се појави и во сериска форма, може да очекуваме некои од неговите идеи за одржливост да се појават кај сериските модели на BMW во претстојните години.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.