Volkswagen и производителот на тркала BBS имаат многу силна врска – и токму затоа Volkswagen го подготви GTI BBS Concept.
Според Volkswagen и ентузијастот Jamie Orr, кои заеднички го направија овој концепт, возилото е замислено да оддаде почит на Golf 2 GTI. Па затоа, концептот добива специјални декоративни елементи во црвена и црна боја, но и прекрасни 19-инчни BBS Super RS тркала кои изгледаат одлично.
Секако, поработено е и на суспензијата, па автомобилот е поставен на специјални H&R амортизери, а додаден е и издувен систем од Borla.
Инаку, каросеријата, ентериерот и погонот не се чепнати. Jamie Orr кажува дека тоа е поради тоа што сите овие работи се одлични и немало никаква потреба од модификации. Дополнително, од Volkswagen додаваат дека ова е за да не се наруши искуството и дека секој кој ќе седне во автомобилот, треба да го искуси вистинското чувство.
Нам овој концепт ни изгледа одлично. Пониската суспензија и поголемите „стара школа“ тркала навистина му прилегаат на новиот GTI, нели?