Во салонот на BMW пристигна и Серијата 4 Gran Coupe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на BMW пристигна и Серијата 4 Gran Coupe!

Само два месеци по официјалната презентација, новата Серија 4 Gran Coupe на BMW пристигна и во Македонија!

Од BMW кажуваат дека новата Серија 4 Gran Coupe има експресивен преден дел, нагласено-купеовска елегнатна силуета и моќен заден дел – и би се согласиле. На предниот дел едноставно доминира новата, контроверзна вертикална решетка, профилот е издолжен и динамичен, а тенките задни светла ја заокружуваат приказната за динамично купе со четири врати. Секако, тука е и оној супер-кул детал – вратите без рамки за стаклата!

Кабината е скоро идентична како кај Серија 4 Coupe – односно добиваме супер-напреден систем за информирање пред возачот со дијагонала од 12.3 инчи, како и централно-поставен инфозабавен дисплеј со дијагонала од 10.3 инчи.

Секако, и 4 Gran Coupe ги добива сите напредни системи за асистенција и безбедност кои ги добиваат и останатите модели на баварскиот производител.

Понудата на мотори опфаќа три турбо-бензински мотори и еден турбодизел. Понудата на бензинци ја сочинуваат 420i, 430i и M440i xDrive. Првите две верзии користат 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 184 коњски сили и 300 Nm вртежен момент, односно 245 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Најмоќната верзија е развиена во соработка со M-дивизијата и таа располага со 374 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Изложениот примерок е 430i Gran Coupe со 245 коњски сили и 400 Nm.

Доколку сакате турбодизел, тука е 420d кој може да се комбинира со погон на задните или xDrive погон на сите четири тркала. Ефикасниот и модерен турбодизел испорачува 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент и овозможува забрзување до 100 километри на час за 7.3 секунди.

Поврзано:  BMW 2 добива ненаметлив фејслифт

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на BMW Македонија, или посетете го салонот на М-Кар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.