full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz C-Class All Terrain е супер-фраерски теренски караван!

По големиот E-Class All Terrain, Mercedes-Benz го претстави и новиот C-Class All Terrain – караван со теренски амбиции!

C-Class All Terrain добива 40 милиметри повисока суспензија, ревидирана предна маска, нови браници и нови заштитни панели – а тоа го прави и повисок и поширок од конвенционалната караванска изведба на новата „Це-Класа“.

Дополнително, Mercedes-Benz подготви и нови тркала за C-Class All Terrain, и тоа во димензии од 17 до 19 инчи. Инженерите на Mercedes-Benz поработеле и на подвозјето, па компонентите од суспензијата и системот за управување се зајакнати, а Dynamic Select режимите сега вклучуваат и Offroad и Offroad+ модуси кои овозможуваат автоматско симнување по надолнини.

Секако, сите верзии ќе го добијат 4Matic системот за погон на сите четири тркала, кој во оваа изведба може да испрати до 45% од моќта кон предните, односно до 55% од моќта кон задните тркала.

Новиот C-Class All Terrain може да влече до 1800 килограми и може да се нарача со кука за влечење и асистент за маневрирање на приколки кој асистира при мали брзини. Во однос на моторите – можете да го нарачате со 2-литарски турбо-бензинец со интегриран стартер-генератор, или пак со 2-литарски турбодизел со интегриран стартер-генератор и 48-волтен електричен систем.

Сега за сега, планирано е да се понуди само на европскиот пазар, но од Mercedes-Benz не ја исклучуваат можноста да се понуди на други пазари ширум светот.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.