full screen background image
Search

Fiat ќе се претвори во целосно-електричен производител до 2030

Fiat e најновиот производител кој објави дека иднината на компанијата содржи само електрични автомобили.

По најавата на повеќе автомобилски производители дека во иднина ќе нудат само целосно-електрични модели, сега дојде редот и на Fiat да ја објави таквата транзиција.  Според најавеното, Fiat ќе ги исфрли сите возила со погон на внатрешно согорување помеѓу 2025 и 2030.

Ова секако беше очекувано, уште од претставувањето на најновата генерација на моделот 500, која пристигна само во електрична варијанта.

Компанијата сака да ги направи електричните возила подостапни за купувачите, а тоа планира да го постигне со понатамошно развивање на технологијата на батериите и инфраструктурата за полнење.

Во теорија, ова ќе резултира со електрични возила кои ќе чинат и ќе можат да се користат исто како возилата на гориво, а за ова да се оствари ќе биде развиена цела мрежа од брзи полначи на повеќе локации.

Покрај сето тоа, тие ќе го конвертираат познатиот покрив на нивната Лингото фабрика во Торино од тест патека во најголемата кровна градина во Европа, со повеќе од 28,000 растенија.

Ова не е само обид да се направи градот попривлечен, туку исто така да апсорбира штетни материи од воздухот, да ги намали потрошувачката на енергија и урбаната топлина, како и да го зголеми биодиверзитетот на живите растенија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.