ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави новиот 911 GT3 Touring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche го претстави новиот 911 GT3 Touring!

Porsche ги следи желбите на купувачите – а со минатата генерација тие потврдија дека GT3 Touring е вистинскиот избор!

Рецептот за GT3 Touring повторно е прилично едноставен – Porsche го зема одличниот нов 911 GT3 и му прави неколку ситни модификации. Најважната е отстранување на големиот заден спојлер кој е заменет со подискретен, автоматски. Понатаму, предниот сплитер е во боја на каросеријата (кај „обичниот“ GT3 е црн) и страниците имаат сребрени наместо црни декоративни елементи околу прозорците.

И толку. Тоа е тоа. Ги добивате сите прекрасни работи кои ги добива новиот GT3 – одличниот 4-литарски шест-цилиндерски атмосферски боксер кој испорачува 510 коњски сили и 470 Nm вртежен момент. GT3 Touring може да се добие со 6-степен мануелен, или пак 7-степен PDK автоматски менувач со двојна спојка, и ги има истите перформанси како и GT3 – 100 километри на час пристигнуваат за 3.9 секунди, односно 3.4 секунди со PDK, додека максималната брзина е 320 километри на час.

GT3 Touring со мануелен менувач тежи само 1418 килограми, додека доколку го нарачате со PDK, ќе тежи 1435 килограми. Интересно е што Touring изведбата е само пакет на дополнителна опрема за обичниот GT3 – и ќе биде достапен без доплата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.