Alpina ги претстави обновените XD3 и XD4 модели со квад-турбодизел мотори – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alpina ги претстави обновените XD3 и XD4 модели со квад-турбодизел мотори

Беше само прашање на време кога Alpina ќе ги претстави своите изведби од обновените X3 и X4 модели на BMW.

Новите XD3 и XD4 модели се дизелски алтернативи на спортските X3 M и X4 M кросовери. BMW Alpina моделите ги добиваат истите стилски измени како стандардните X3 и X4 кросовери, кои доаѓаат со поголеми „бубрези“ напред, редизајнирани предни и задни LED светла, како и нови браници, но со специфичен редизајн.

Под поклопецот на XD3 и XD4 се наоѓа надградена верзија на 3.0-литарскиот шест-цилиндарски квад-турбо дизелски агрегат, кој произведува 389 кс и 800 Nm вртежен момент, што е зголемување за 30 Nm од постарите модели.

Исто како и до сега, моќниот дизелски агрегат е усогласен со осум-степена автоматска трансмисија и надграден xDrive погон на сите тркала. Според Alpina, новите XD3 и XD4 можат да забрзаат од 0-100 км/ч за 4.6 секунди, а имаат максимална брзина од 267 км/ч.

Тјунинг компанијата исто така го рекалибрирала варијабилното спортско управување, како и системот за лансирање за подобро забрзување од место.

Двата модели на Alpina се поставени на адаптивни амортизери со специфични прилагодувања и пократки и потврди пружини. Новите Alpina XD3 и XD4 стандардно возат на 20-инчни фелни. Како опција компанијата нуди сет композитни сопирачки, како и сет од 22-инчни алуминиумски тркала со специјален Alpina дизајн.

Цените за новиот Alpina XD3 започнуваат од 85,900 евра во Германија, додека XD4 започнува од 89,100 евра. Првите испораки ќе започнат во Ноември оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.