full screen background image
Search

Mountune ги засили Ford Fiesta ST и Puma ST на 260 коњски сили

Mountune штотуку претстави нови тјунинг пакети за спортските компактни модели Fiesta ST и Puma ST.

И двата модели се погонувани од истиот 1.5-литарски три-цилиндарски турбо-бензински агрегат, кој во стандардно издание испорачува 200 кс при 6,000 вртежи и 320 Nm вртежен момент помеѓу 2,500 и 3,500 вртежи во минута.

Пакетите на Mountune се наречени M235 и М260, а овие бројки а означуваат силата која се добива по нивното инсталирање. Првиот пакет ја зголемува силата на 235 кс, a вртежниот момент пораснува на 350 Nm.

За тие што сакаат повеќе сила, тука е M260 пакетот кој доаѓа со нови компоненти за довод на воздух, интеркулер и компјутерска единица на моторот. Сето ова резултира со 260 кс и 365 Nm вртежен момент, што е многу слично со новиот Toyota GR Yaris.

M235 пакетот за Fiesta ST и Puma ST чини 575 фунти, додека пак M260 пакетот чини 675 фунти во Велика Британија.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.