BMW ги освежи X3 и X4, но и моќните X3M и X4M! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ги освежи X3 и X4, но и моќните X3M и X4M!

Редизајнираните популарни SUV модели на BMW доаѓаат со визуелни измени, но и грст нови технолошки решенија.

Ајде да започнеме со визуелните измени – X3 и X4 добиваат нијанса поголеми предни рештки како и редизајнирани предни светла. Формите не се премногу изменети, но на задниот дел кај X3 забележуваме нови задни светла со навистина несекојдневна форма.

Покрај редизајнираниот преден браник, обата модели добиваат и редизајниран заден браник со покомплексни форми и нови декоративни елементи. Секако, достапни се нови бои, а интересна е Tanzanite Blue II бојата која е дел од BMW Individual програмата и за прв пат се нуди кај X3.

Кабините на двата модели добиваат некои нови материјали, како и редизајнирани централни конзоли – и интересно, контролите за клима-уредот се поставени над аудио системот. Всушност, вака е и кај новата Серија 4, а тоа значи дека двата SUV модели добиваат и нови инфозабавни системи – 10.25 инчен кај X3, односно 12.3-инчен кај X4.

Понудата на погонски единици и понатаму е навистина широка – достапни се три бензински и три дизелски опции. Доколку сакате бензинец тука се моделите со ознака 20i, 30i и М40i, a кај дизелите тука се 20d, 30d и M40d. Во зависност од конфигурацијата, можете да го нарачате вашиот X3 или X4 со погон на задните тркала или пак xDrive погон на сите четири тркала.

За оние кои сакаат М-искуство, тука се новите X3M и X4M Competition. Двата модели користат 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија и два турбополначи кој испорачува 510 коњски сили и 650 Nm вртежен момент.

И двата моќни SUV модели од М-дивизијата забрзуваат до 100 километри на час за само 3.8 секунди и достигнуваат максимални (електронски-ограничени, секако) 250 километри на час. Доплатете за M Driver’s Package пакетот и максималната брзина расте на 285 километри на час. Секако, бидејќи се работи за М-модели, добивате и поагресивен бодикит, спортски-нагодена суспензија, помоќни сопирачки и уште мал милион други детали…

Поврзано:   Larte Design го стилизираше големиот BMW X6


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.