Ford го претстави новиот купе-кросовер наречен Evos – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го претстави новиот купе-кросовер наречен Evos

Ford го искористи автомобилскиот саем во Шангај со цел да ја претстави својата најнова креација – Evos.

Нагласено е дека се работи за модел наменет исклучиво за Кина и тамошниот пазар, но претставениот автомобил тотално одговара на описот за моделот кој се шпекулира дека ќе го замени Mondeo во Европа.

Според Ford, новиот Evos претставуве купе-SUV возило кое се одликува со подигната каросерија и ниска линија на кровот. На предниот дел највпечатлици се тенките графики на светлосните групи, прилепени до големата средишна решетка.

Гледан од страна, моделот презема неколку дизајнерски елементи од електричниот Mustang Mach-Е, како линиите и елеметите над крилата и страничните прагови. Исто така Evos се одликува со двобојна каросерија и е поставен на 19-инчни тркала.

Во ентериерот доминира големиот 1.1-метар долг екран, составен од 12.3-инчен дигитален инструмент панел со 27-инчен мултимедијален систем со 4K резолуција. Тој го користи Ford-овиот SYNC+ 2.0 систем, освежен со нов дизајн на корисничкиот интерфејс и опремен со Baidu технологија на вештачка интелигенција.

Слично како Mustang Mach-E, новиот Evos е опремен со целосно новата Fully Networked Vehicle E/E архитектура на Ford, која овозможува динамични, безжични надградби, а исто така доаѓа со виртуелен личен асистент.

На возачите ќе им помага полу-автономната технологија на возење од второ ниво, која овозможува возење без раце на одделни секции од еднонасочни автопати.

Деталите за погонските единици сеуште не се познати. но бидејќи на фотографиите од задниот дел на Evos се гледаат издувни цевки, можеме да заклучиме дека не се работи за чисто електрично возило.

Сепак, бидејќи Ford нагласи дека се работи за автомобил наменет исклучиво за пазарот во Кина, можно е истиот да биде претставен подоцна и во Европа под друго име и со неколку модификации.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.