full screen background image
Search

Спортскиот CEED GT Line пристигна во салонот на КИА Моторс Македонија!

Подинамичната изведба на одличниот хечбек на KIA, која носи ознаката GT Line, од денес е изложена во салонот на КИА Моторс Македонија во Скопје.

Ceed GT-Line доаѓа со подинамични предни и задни браници, странични прагови, целосно-LED осветлување, поголеми тркала и уште многу ситни визуелни елементи, а во кабината добива спортски седишта, спортски управувач со зарамнето дно делумно обвиен во перфорирана кожа, алуминиумски педали, црни и алуминиумски детали и уште многу, многу други додатоци.

Дополнително, кабината добива централен мултимедијален уред со Apple CarPlay и Android Auto поврзување, а ќе добиете и грст системи за асистенција во возењето.

На нашиот пазар може да се добие со одличниот нов 1.5-литарски T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 160 коњски сили и 253 Nm вртежен момент. Ceed GT-Line можете да го комбинирате со одличниот 6-степен мануелен менувач, или пак со новиот 7-степен DCT автоматски менувач со двојна спојка. Специјалните, акциски цени започнуваат од 19.550 Евра доколку одлучите да го комбинирате со мануелниот менувач.

За повеќе информации, посетете го салонот на КИА Моторс Македонија, или пак официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.