Mansory подготви пакет засилувања и дотерувања за Ferrari F8 Tributo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mansory подготви пакет засилувања и дотерувања за Ferrari F8 Tributo

Најновата креација на Mansory ја прикажува способноста на компанијата да му даде уште поагресивна нота на еден суперавтомобил.

Нивното најново дело е наречено Mansory F8XX, а тоа претставува пакет со елементи за засилувања на перформансите, заедно со додатоци за дотерување на екстериерот на Ferrari F8 Tributo. Покрај тоа, промотивниот модел е обоен во зелено-златна комбинација на бои за уште повпечатлив изглед.

Елементите за екстериерот опфаќаат нов карбонски преден сплитер, странични прагови, странични лајсни, додатоци на отворите за воздух, заден дифузер, како и заден спојлер во вид на одвоени крилца. Моделот е поставен на супер лесни 21-инчни фелни на предната и 22-инчни фелни на задната оска.

Инженерите на Mansory направиле модификации на компјутерската единица на моторот и го надградиле издувниот систем да произведува повеќе сила од 3.9-литарскиот твин-турбо V8 агрегат.

Стандардниот мотор испорачува 720 кс и 770 Nm вртежен момент, додека тјунираниот располага со 880 кс и 980 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на автомобилот да забрза од 0-100 км/ч за само 2.6 секунди кон неговата максимална брзина од 354 км/ч.

Во кабината, Mansory го преуредиле ентериерот со беж кожа со бели детали, а на повеќе места се забележуваат и елементи од карбон. Наместо стандардниот, тука е Mansory волан, а под седиштата се додадени нови Mansory патосници.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.