Асоцијациајта на возачи во Ф1 бара – Отстранете ја шиканата на Каталуња, за да може да се тркаме! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Асоцијациајта на возачи во Ф1 бара – Отстранете ја шиканата на Каталуња, за да може да се тркаме!

Асоцијацијата на возачи на Ф1 се огласи со предлог за подобување на патеката Каталуња. Дирекоторот Џорџ Расел предложи да се отстрани шиканата на патеката Каталуња за да се подобри искуството на возачите и на гледачите на Ф1.

Возачот на Вилијамс сака да ја искористи својата позиција на директор на Асоцијацијата за нешто корисно. Предлогот се поднесува под мотото „Добри трки привлекуваат повеќе гледачи“. А секако сето тоа да биде во насока да се претстави Ф1 во најдобро можно светло. „Тркањето и искуството за возачите само се намалува и се ускратува во последните 20 година – вели Расел. Нема чистина, нема жар кај возачите. Единствено добро тркање гледаме кога има голема разлика во брзина меѓу две возила, и само тогаш може да се претекне. Ние сакаме да најдеме начин да посочиме што ни треба од болидите и што ни треба од пневматиците за да може да имаме добро тркање.“ – продолжува Расел.

На Каталуња се додаде тесна шикана во 2007-ма година. Оригиналната патека сè уште постои и се користи без шикана во други тркачки шампионати. На голема жалост на сите, во Ф1 се користи со додадената и крајно непотребна шикана.

Расел нè уверува дека возачите ќе може полесно да се следат и да останат многу поблиску еден до друг доколку се користи подобриот распоред на патеката. Според него патеката е навистина досадна, и тркање скоро воопшто и да нема. Ако ја вратиме патеката како што беше користена во Ф1 пред 15 години, со два брзи свиоци, ќе излегуваат болидите на правецот поблиску еден до друг и ќе има многу поинтересен настан како целина.  За возачите ќе биде добро што ќе може да се претекнуваат подобро и полесно, без вештачки намалувања на брзината. А за гледачите пак позитивното е што ќе гледаат побрзи болиди и секако повеќе жар и страст. Најинтересното е што целата оваа активност може неверојатно лесно да се адаптира, со неколку реченици и два-три потписи од соодветни лица. Нема потреба од никаква активност на терен. Патеката веќе постои во две опции.

Шампионатот на Ф1 ќе биде на оваа патека на 9-ти Мај оваа година, и ќе бидеме сведоци дали навистина ќе биде несекојдневно досадна трка, што би одело во прилог на предлогот на Асоцијацијата за следните настапи. Радоста кај Расел е што свиокот со број 10 оваа година е малку коригиран за да биде поблиску до оригиналниот, а не стеснет и успорен како неговата претходна корекција.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.