Францускиот бренд се подготвува да го претстави својот нов знаменосец – новиот C5!
Премиерата на новиот Citroën C5 е закажана за 12ти Април – односно за понеделник. Според она кое можеме да го видиме, новиот C5 ќе ги замачка линиите меѓу различните сегменти – бидејќи очекуваме да биде несекојдневна комбинација од кросовер, хечбек и караван. Препознаваме и дизајнерски елементи кои наликуваат на оние кај новиот C4 кој неодамна го возевме – но сето тоа би требало да биде спакувано во поголема и полуксузна варијанта.
Останува да почекаме до понеделник за да го видиме новиот Citroën C5.