Škoda за прв пат ќе ја нуди Octavia со Sportline пакет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda за прв пат ќе ја нуди Octavia со Sportline пакет

Škoda ја проширува понудата на Octavia со новата, подинамична Octavia Sportline.

Од Škoda кажуваат дека во хиерархијата на моделите, Octavia Sportline ќе биде поставена меѓу Octavia Style и знаменосецот Octavia RS. Octavia Sportline добива црни детали на екстериерот – нов преден сплитер, рамката на предната маска, Škoda ознаката на задниот дел како и новиот црн заден спојлер. Дополнително, дел од приказната се и заден дифузер, како и 17-инчните тркала. По нарачка можат да се добијат и поголеми тркала со дијаметар од 18 или 19 инчи.

Кабината на Octavia Sportline добива нов, трокрак управувач, спортски седишта со интегрирани наслони за главата обвиени во специјален ThermoFlux материјал и уште неколку ситни детали.

Инаку, Octavia Sportline ќе биде достапна со еден куп различни погонски единици со моќност од 115 па сè до 204 коњски сили. Во зависност од одбраниот погон, ќе може да се добие и 7-степен DSG менувач со двојна спојка, како и погон на сите четири тркала. Достапни се турбо-бензинци, турбодизели, лајт и плаг-ин хибриди, како и верзија со погон на компримиран природен гас (CNG). Дел од опремата ќе биде и DCC системот за динамична контрола на шасијата.

Со Octavia Sportline, чешкиот бренд дополнително ја зголемува понудата и нуди подинамична опција за оние кои сакаат нешто поинтересно од стандардните изведби на Octavia, а не сакаат нешто толку екстремно како Octavia RS. Секако, Octavia Sportline може да се добие како хечбек и како караван.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.